Њукасл има лош резултатски старт на новата сезона, што речиси сите го заборавија откако клубот го презедоа арапски инвеститори, со што „страчките“ станаа најскапиот клуб во светот.
Њукасл е на дното на Премиер лигата и треба што поскоро да стартува со победи, а денеска клубот ја официјализираше соработката со новиот тренер.
Тимот ќе биде предводен од Еди Хау. Иако се пишуваше за познати тренерски имиња, меѓу кои и Жозе Мурињо, арапските сопственици на почетокот нема да се расфрлаат со пари, па одлуката падна на Хоу.
🚨 Eddie Howe is presented to the media as Newcastle manager.
(Source: @NUFC) pic.twitter.com/Jjsavv0lRX
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 10, 2021
Како тренер, Хау направи одлични работи со Борунемут помеѓу 2012 и 2020 година кога го воведе четвртолигашкиот клуб во Премиершип. Покрај Борнмаут како тренер, една сезона помина и во Барнли.
Хау е роден во 1977 година и е еден од најмладите стручњаци на Островот, а во Њукасл се надеваат дека ќе може да ги извлече „Страчките“ од резултатската криза. Тој доаѓа на местото на Стив Брус.
Хау ја одржа и првата прес-конференција на која истакна дека ќе даде се од себе за да го внесе тимот во победнички ритам, но и дека има голема чест и одговорност што му е покажана со оглед на новонастанатата ситуација во која се наоѓаат „Страчките“.