Во Англија има информации дека Њукасл Јунајтед во јануари ќе се обиде да го префрли напаѓачот на Интер, Един Џеко.
35-годишниот Босанец најверојатно нема да ги напушти Нероаѕурите на средината на сезоната, бидејќи само што дојде како слободен играч од Рома во текот на летото.
Неговите голови му помогнаа на тимот на Симоне Инзаги да се искачи на врвот на табелата во Серија А и да се соочи со Ливерпул во 1/8 коло од Лигата на шампионите.
Според Дејли Мејл, Њукасл Јунајтед е подготвен да потроши многу за да го врати Џеко во Премиер лигата, трофеј кој го освои со Манчестер Сити.
Сепак, Интер нема да размислува да го пушти ветеранот да си замине, бидејќи оваа сезона меѓу Серија А и Лигата на шампионите постигна 11 гола и даде четири асистенции на 23 натпревари.
Њукасл го презеде инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија ПИФ, но има само една победа во Премиер лигата досега оваа сезона и е на претпоследното место.