ФУДБАЛ

Њукасл го најде првото засилување на Камп Ноу?

Штом се потврдат промените на сопственоста и Њукасл ќе падне во рацете на богатиот арапски принц Мохамед бин Салман, ќе започне вистинска револуција.

На „Св. Џејмс Парк“ долго време го нема гледано Њукасл на врвно ниво, но следната сезона би можело да донесе големи промени и враќање на популарните „Крикети“ на сцена. Бин Салман е подготвен за големи инвестиции и веќе многу sвезди се поврзуваат со Њукасл.

На списокот со желби на Њукасл се Филипе Кутињо и Карлес Алена, двајца фудбалери на Барселона.

И двајцата не се во плановите на Барселона за следната сезона, па затоа е многу можно Каталонците да влезат во преговори со англискиот тим. Кутињо ја мина сезоната во Баерн и за него се заинтересирани неколку други великани ширум Европа.

Како играч на Баерн, Бразилецот одигра 32 натпревари и постигна девет гола со осум асистенции, додека Алена, кој е позајмен на Бетис, одигра вкупно 15 натпревари и запиша две асистенции.

На мета на Њукасл се наоѓаат Калиду Кулибали, Единсон Кавани, Дрес Мертенс, РаЏа Наинголан, но останува да се види кој од големите тренерски имиња ќе добие шанса да работи на новиот проект на англиски клуб.