ФУДБАЛ

Њукасл го „таргетира“ Унаи Емери како следен тренер

Новите раководители на Њукасл побрзаа да го отпуштат тренерот Стив Брус, но се чини дека зажалија, бидејќи потрагата по ново име на врвот на клупата воопшто не оди според прогнозите.

Така имиња како Конте, Фонеска… паднаа еден по еден и Њукасл продолжува да го води привремениот тренер Грем Џонс, додека од неодамна почна да се наведнува и Шпанецот Унаи Емери, кој моментално го води тимот на Виљареал.

Шпанскиот тренер би сакал да се врати во Премиер лигата каде претходно го водеше Арсенал, но се уште е под договор со „жолтата подморница“ која не може да ја остави без дебела отштета.

49-годишниот тренер е познат како специјалист во Лига Европа, трофеј кој го освои три пати со Севиља, а неодамна во последното издание го остави зад себе со Виљареал, па Њукасл го гледа како вистинскиот човек да го подигне клуб на високо ниво..

Заедно со Емери, раководните лица на „Страчките“ работат и на серија засилувања во јануари, кои ќе му овозможат на тимот да избори место во Лига Европа оваа сезона, бидејќи на тој начин полесно ќе ги привлечат ѕвездите следното лето.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа