Њукасл Јунајтед се обидува во своите редови да го доведе одличниот фудбалер на Лестер Џејмс Медисон.
„Страчките“ бараат дополнително засилување пред почетокот на новата сезона и во Медисон гледаат човек кој значително би го зголемил квалитетот на нивниот тим.
За 25-годишниот Медисон, Њукасл испрати понуда од 40 милиони фунти. Сепак, за таа бројка, според менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, тие можат да добијат три четвртини од неговата лева нога.
“Ништо од тоа. Тој е наш играч. Таквите фудбалери се бараат поради нивниот талент. Можете сами да видите дека е среќен овде. Не е мое да ги одредувам цените на играчите, но бројката што ја понудија може да ја покрие три четвртини од левата нога. Тој е врвен играч“, изјави Роџерс.
Медисон пристигна во Лестер од Норич во 2018 година. Наскоро тој стана еден од лидерите на тимот и постигна 45 гола на 171 одигран натпревар.
Тој има договор со Лестер до јуни 2024 година.