Њукасл Јунајтед ќе се обиде да ангажира неколку засилувања на крајот од преодниот рок.
Многубројни фудбалери се поврзуваат со доаѓањето во редовите на страчките, а меѓу нив е и играчот на Тотенхем, Деле Али.
Наводно, Њукасл започнал преговори со Тотенхем и Али за трансферот на овој фудбалер и ќе видиме дали тој ќе влезе во тимот на Еди Хау.
Али некогаш важеше за голема надеж на англискиот фудбал. Имаше период во кој играше феноменално, но во последните две сезони има видлив пад во формата и Али игра многу слабо.
Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред не е во прв план со менаџерот на Спарс, Антонио Конте. Тој играше 18 пати и има само два старта во Премиер лигата од септември.
Али со години беше незаменлив член на првиот тим. Тој одигра 269 натпревари и постигна 67 голови.
https://youtu.be/XnctAmhXHZY
Да потсетиме, Њукасл во јануарскиот преоден рок досега ги доведе Крис Вуд и Киеран Трипие.