Српскиот напаѓач Аллександар Митровиќ може да замине, бидејќи Њукасл ја прифати понудата од Лондон.
Митровиќ беше фудбалер на Њукасл на позајмица во Фулам, а поради неговите одлични настапи клубот од Лондон одлучи да го откупи неговиот договор.
На крајот постигнат е договор и Митровиќ за 20 милиони фунти заминува, или поточно останува во Фулам.
Фулам се врати во Премиер лигата и Митровиќ во наредната сезона сигурно ќе има што да понуди на управата и на навивачите кои веруваат во него.
Репрезентативецот на Србија во дресот на Фулам постигна 12 голови во 17 натпревари.