ФУДБАЛ

Њукасл ја спаси честа на домаќините во 18-то коло од Премиер лигата

Фудбалерите на Њукасл ја спасија честа на домашните екипи во 18-то коло од Премиер лигата што започна во 16 часот, откако го совладаа Кристал Палас со 1:0.

Алмирон го постигна единствениот гол на натпреварот кој донесе три поени за домаќините во 83-та минута. Њукасл го донесе на 9-то место со 25 бода, додека Кристал Палас остана три места подолу со два бода помалку.

На другите натпревари, кои започнаа во 16 часот, сите победи ги забележаа гостите. Саутемптон славеше над Астон Вила со 3:1, Барнли кај Бурнемут со 1:0, Шефилд со ист резултат кај Брајтон и Вулфс кај Норвич со 2:1.

До крајот на денот имаме уште еден натпревар, оној меѓу Манчестер Сити и Лестер. Таа средба, што ќе биде многу важна во втор план, започнува во 18:30 часот.

Натпреварот Вест Хем Јунајтед – Ливерпул се одложи додека „црвените“ го играат финалето на Светското клубско против Фламенго со почеток во 18.30 часот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига