ФУДБАЛ

Њукасл Јунајтед го договори еден од најголемите трансфери во историјата на голманите!

Њукасл Јунајтед прави големи планови за летниот преоден рок.

„Страчките“ со неколку големи засилувања во зимскиот преоден рок практично ги надминаа грижите за опстанок и можат да се посветат на следната сезона.

Парите за славниот клуб од северна Англија не се проблем, а според денешните пишувања се планира реализација на еден од најголемите трансфери досега кога се во прашање голманите.

Имено, нов член на Њукасл Јунајтед оваа сезона ќе стане одличниот Роберт Санчез, кој инаку брани за Бригтон.

24-годишниот фудбалер постигна значителен напредок во последните сезони и почна да добива повици од селекторот на Шпанија, Луис Енрике.

Според The ​​Sun, Њукасл Јунајтед ќе му плати на Санчез 30 милиони евра, со што овој голман е еден од најскапите досега.

Бројката од 30 милиони со досегашните трансфери успеаја да ја поминат Кепа, Алисон Бекер, Едерсон, Тибо Куртоа и Џанлуиџи Буфон.