ФУДБАЛ

Њукасл Јунајтед комплетираше уште едно засилување, второто најскапо во историјата на клубот

Откако ги доведе Киеран Трипие и Крис Вуд, Њукасл Јунајтед е блиску до комплетирање на уште еден трансфер.

Новиот жител на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде Брунио Гимараеш, 24-годишниот играч од средниот ред на Лион за кого „Страчките“ понудија 40 милиони евра.

Според пишувањата на странските медиуми, Лион ја прифатил понудата за својот фудбалер и трансферот е прашање на време.

Њукасл Јунајтед му нуди на Гимараеш четири пати поголема плата од сегашната, се споменува цифрата од 220 илјади евра месечно, па тоа би можело да биде одлучувачки фактор за трансферот.

Гимараеш во Европа пристигна во 2020 година од Атлетико Паранаенсе и оваа сезона стана еден од најкомплетните играчи од средниот ред во Лига пет, па не чуди зошто доби покана за бразилската репрезентација.

Многу е сигурно дека Бразилецот во наредните денови ќе стане второто најскапо засилување на Њукасл Јунајтед во клупската историја.

Рекордер е неговиот сонародник Џолинтон, кој пред речиси три години на Хофенхајм му беше платен 44 милиони евра.

Инаку, страчките во досегашниот дел од преодниот рок потрошија „скромни“ 45 милиони евра. Вуд чинеше 30 милиони долари, а Трипие двојно помалку.