ФУДБАЛ

Њукасл Јунајтед договори вистинска трансфер „бомба“

Благодарение на големите зимски засилувања, Њукасл Јунајтед преживеа и побегна од опасната зона.

Благодарение на серијата одлични резултати и 13 освоени бода во последните пет меча, „Страчките“ пловат во мирни води и кон сигурен опстанок.

И додека работите функционираат одлично на теренот, најголемиот клуб на денешницата прави планови за иднината. Парите не се проблем, треба само паметно да се инвестираат.

Во јануари беа потрошени околу 100 милиони евра, а на лето клупските менаџери сигурно ќе имаат на располагање поголема сума.

Денешните информации велат дека новото засилување на популарните страчки ќе биде Еден Азар кој сака да се врати во Премиершип.

Реал нема ништо против продажбата на Белгиецот и наводно се е договорено околу доаѓањето на поранешниот напаѓач на Челзи на Сент Џејмс Парк.

Азар навистина не се прослави во Шпанија. Проблемите со килограмите и тешките повреди се причина за страшната форма. Со сето тоа, Винисиус експлодираше и целосно го исфрли 31-годишникот од тимот.

Со оглед на тоа дека се исплатени 115 милиони, тоа може да се смета за еден од најголемите неуспеси во историјата на Реал. Има 22 настапи оваа сезона и главно доаѓа од клупата. Тој постигна само еден гол.

Инаку, Њукасл Јунајтед немаше ниту една победа по првите 14 кола и е на добар пат да стане првиот клуб кој успеал да опстане без победа во првите 14 натпревари.