Навивачите на Њукасл веќе очекуваат звучни засилувања во јануари. Откако клубот го купи саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Мајк Ешли реши да го продаде клубот по 14 години што ги воодушеви навивачите бидејќи Њукасл сега стана еден од најбогатите клубови во светот.
Многумина очекуваат дека англискиот клуб ќе го достигне врвот на англискиот фудбал во наредните години, но новите сопственици порачаа дека ништо не е можно да се постигне преку ноќ и дека ќе се оди чекор по чекор.
Целосен ремонт на тимот се очекува само на крајот на сезоната, а сега целта е Њукасл да го задржи својот статус во Премиер лигата.
Сепак, англиските медиуми веруваат дека Страчките во јануари ќе донесат неколку звучни засилувања, а открија кој е на радарот на клубот за зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми објавија дека прв на листата на желби е Луис Дијаз, кој игра во фантастична форма во Порто. Колумбиецот воодушеви со своите игри во португалскиот клуб и го привлече вниманието на многу клубови.
Њукасл сака да го доведе веќе во јануари и подготвија понуда од 80 милиони евра што е откупна клаузула што Дијаз ја има во договорот со Порто. Доволно е тој да ги договори условите од договорот со Њукасл за да се оствари трансферот.
24-годишното крило дојде во Порто пред две години од Колумбискиот Јуниор, а досега оваа сезона одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и веќе постигна седум гола.
За колумбиската репрезентација забележа 29 настапи и постигна седум гола.