Њукасл ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата, која сега изнесува 14 натпревари. Избраниците на Еди Хау со 1-0 славеа на домашен терен од Фулам во 20. коло од англискиот шампионат.
Со тоа, Њукасл го израмни својот рекорд на последователни натпревари без пораз.
Оваа серија во моментов е најдобра меѓу сите тимови кои играат во топ 5 европските лиги.
Њукасл последен пат загуби во Премиер лигата на 31 август од Ливерпул (1:2). Оттогаш имаат 9 победи и 5 нерешени.
