Њукасл сигурно ќе биде прв на радарот кога се во прашање јануарските трансфери, будно ќе се следи како богатиот клуб на Сент Џејмс ќе тргува во првиот месец од 2022 година.
Но, судејќи според информациите кои денес доаѓаат од Островот, Њукасл нема да троши пари.
Наводно, страчките се откажале од трансферот на 21-годишниот дефанзивец Свен Ботман бидејќи Лил бара многу пари.
Ботман во францускиот клуб дојде пред две сезони од Ајакс и потпиша договор до 2025 година, а неговата моментална вредност е 30 милиони евра. Францускиот клуб бара 50 милиони, што е „прескапо“ за Њукасл.
Сепак, можно е двата клуба да најдат заеднички јазик до крајот на месецот.
Ботман е дефанзивец за иднината, а зад себе има 34 настапи за младинските селекции на Холандија, додека за „А“ репрезентацијата на Орање се уште не дебитирал.
Споменатиот фудбалер кариерата ја започна во младиот тим на холандски Панкратикус, по што се пресели во Ајакс каде ги мина сите помлади селекции. Тој исто така беше на позајмица во Херенвен и е член на Лил од летото 2020 година.
Да додадеме дека Њукасл е блиску до реализација на трансферот на Дарвин Нуњез од редовите на Бенфика.