ФУДБАЛ

Њукасл со апел до навивачите: Не доаѓајте на стадион облечени како Арапи

Англискиот Њукасл стана најбогатиот тим во светот откако беше купен од инвестициски фонд од Саудиска Арабија.

Фактот дека ќе имаат огромни пари на располагање за засилувања ги израдува навивачите на овој тим, а својот ентузијазам го искажаа на натпреварот против Тотенхем.

Бројни навивачи на „Сент Џејмсис Парк“ се појави со традиционална арапска облека и така одлучија да му се заблагодарат на новиот сопственик што го купи клубот.

Сепак, се чини дека на арапските сопственици не им се допадна тоа што го видоа на трибините и Њукасл на крајот побара од навивачите да не носат таква облека.

“Голем број фанови на „Сент Џејмсис Парк“ носеа облека за да го означат преземањето на клубот од инвестицискиот фонд. Никој од новите сопственици не е навреден од ова и знае дека имал позитивна намера. Сепак, постои можност тој потег ќе се сфати како непристојно и дека ќе ги навреди другите луѓе“.

“Секој што доаѓа на стадионот, без разлика на верата, може да дојде на стадионот според нивните верски карактеристики. Отсекогаш сме поддржувале мултикултурна заедница и групи од кои клубот има голема поддршка”, се вели во соопштението на Њукасл.

Сигурно треба да се истакне дека првиот потег на новите сопственици беше разрешување на досегашниот менаџер Стив Брус.

Тој денеска доби отказ, а Френк Лампард се поврзува со клупата на Њукасл.