Во ноќта зад нас се одиграа седум натпревари во НБА лигата.
Интересен натпревар за гледање беше оној помеѓу Порталнд и Бруклин Нетс каде настапи Јусуф Нуркиќ.
Нуркиќ постигна 14 поени со осум скока и три асистенции во победата на неговиот тим од 114:108.
Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дурент, кој во поразениот тим оствари дабл-дабл учинок од 28 поени, десет скока и пет асистенции. Втор најефикасен кај Нетси беше Ирвинг со 22 поени, осум скока и четири асистенции.
Најмногу се истакна Симонс кај Блејзерси со 23 поени, шест скока и 11 асистенции.
Вистинската драма ја гледавме во ТД Гарден во Бостон, каде домашните Селтикс ги совладаа Индијана Пејсерс со 101:98 по продолженијата. По редовното време резултатот гласеше 89:89.
Сабонис забележа трипл-дабл, 11 поени, 23 скока и 10 асистенции, додека домашните имаа три дабл-дабл. Браун, кој беше и најефикасен на натпреварот, имаше 26 поени, 15 скока и шест асистенции, а го следеше Тејтум со 24 поени, 12 скока и една асистенција.
Вилијамс забележа и дабл-дабл – 14 поени, 12 скока и една асистенција.
НБА:
Портланд Трејл Блејзерс – Бруклин Нетс 114:108
Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс 101: 98
Шарлот Хорнетс – Милвоки Бакс 103:99
Детроит Пистонс – Јута Џез 126:116
Хјустон Рокетс – Филаделфија 76ерс 91:111
Сакраменто Кингс – Кливленд Кавалирс 108:109