Еден од најдобрите снукер играчи, Рони О‘Саливен испиша историја, откако ја освои својата 19 грен слем титула.
Тој во финалето на британското првенство го совлада Марк Ален со 10:6 и ја одбрани титулата на еден од трите најдобри турнири. Ален подобро го отвори натпреварот и поведе со 1:0 и 2:1, но Рони потоа освои пет фрејмови во низа и на одмор замина со предност од 6:2. На пауза во втората сесија се замина со 8:4, а потоа О‘Саливен дојде до 9:4 и имаше шест меч топки. Ја искористи третата и стигна до новата титула.
Од овој момент тој е апсолутен рекордер со 19 титули на трите најголеми турнири, а ова е му е рекордна седма титула на овој турнир.