ФУДБАЛ

Обамејанг „исчезна“ неколку часа пред натпреварот, Артета објасни зошто

Арсенал беше поразен од Саутемптон во ФА купот во саботата со 1:0 и со тоа остана без шанса да го одбрани трофејот во ова натпреварување.

Мечот го пропушти еден од најдобрите играчи на лондонскиот тим, Пјер Емерик-Обамејанг, а сега тренерот на Топџиите, Микел Артета, објасни зошто.

“Тој имаше лични проблеми неколку часа пред натпреварот и мораше веднаш да се врати во Лондон. Кога ќе ги реши проблемите, тој ќе се врати во тимот”, рече кратко Артета.

Арсенал ја зафати формата во Премиерлигата, а Аубамејанг постигна четири гола на последните пет натпревари и од него се очекуваат многу до крајот на сезоната.