ФУДБАЛ

Обамејанг избра меѓу Тотенхем и Реал и изненади со својот избор

Пјер-Емерик Обамејанг оваа зима пристигна во Барселона.

 

По само шест месеци не престануваат гласините за негово можно враќање во англиската Премиер лига каде го носеше дресот на Арсенал.

 

Напаѓачот од Габон беше поврзуван со трансфер во Челзи, лутиот ривал на неговиот поранешен клуб. Сепак, тој покажа дека се уште го носи Арсенал во срцето одговарајќи во интервју.

Во интервју за ESPN, насловено „Мораш да одговориш“, Аубамејанг добил барање да избере помеѓу Тотенхем и Реал Мадрид. Иако се уште е играч на Барселона, напаѓачот го избра тимот од Сантијаго Бернабеу.

 

Веднаш по именување на неговите сегашни ривали, Обамејанг пукна од смеење и креваше раменици, знак дека неговиот одговор беше најискрен.

 

Овој одговор дефинитивно ќе им се допадне на навивачите на Арсенал, но на навивачите на Барселона сигурно не.

Што се однесува до евентуалниот трансфер на Обамејанг во Челзи или кој било друг клуб, Барселона малку ги зголеми своите барања.

 

Првично „блауграните“ бараа 25 милиони евра за услугите на поранешниот репрезентативец на Габон, но сега клубот што го посакува ќе мора да плати повеќе.

 

Тој во јануари оваа година пристигна бесплатно од Арсенал, а сега може да се пресели во друг тим за 30 милиони евра, најавува новинарот Фабрицио Романо.

 

Во моментов Челзи е подготвен да понуди многу помалку, но разговорите меѓу двата клуба остануваат отворени, бидејќи во зделката би можел да биде вклучен и Маркос Алонсо, кој долго време е на мета на Каталонците.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига