Напаѓачот на Арсенал се очекува да го напушти тимот во текот на летото и би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.
Пјер-Емерик Обамејанг стана мета на Интер.
Тренерот Антонио Конте се чини дека е решен да го донесе напаѓачот на Арсенал во Италија, пишува италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“.
Фудбалерот има едногодишен договор со „топџиите“ и доколку не го продолжи, тој може да замине ова лето.
Обамејанг нема намера да остане на стадионот „Емирати“ бидејќи бара ново искуство.
Покрај Интер, се вели дека Барселона покажал интерес за него.
Фудбалерот сака клуб каде би можел да освои трофеи, бидејќи Арсенал не му нуди таква можност.