ФУДБАЛ

Обамејанг претставен во Барселона: Оправдувањето за Реал Мадрид беше готово

Пјер-Емерик Обамејанг (32) денеска беше претставен како нов играч на Барселона.

Напаѓачот од Габон на последниот ден од јануари ја прекина соработката со Арсенал и како слободен играч потпиша за каталонскиот гигант.

Искусниот фудбалер изрази големо задоволство што пристигна на Камп Ноу.

„Навистина сакав да дојдам овде. Чекавме до последен момент бидејќи имаше проблеми со договорот со Арсенал. На крајот потпишав две минути пред крајниот рок“, открива Обамејанг, кој секако сонуваше да игра во Барселона.

„Среќен сум што заврши вака. Се чувствувам навистина добро и живеам сон од кој не сакам да се разбудам. Со нетрпение очекувам да играм за Барса и се надевам дека ќе постигнам многу голови. Ова е голем клуб и се надевам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“.

Oбамејанг пред неколку години изјави дека му ветил на својот дедо кој е на смртна постела дека ќе игра за Реал Мадрид. За тоа зборуваше на презентацијата.

„Кога си дете многу слушаш што ти кажува семејството и ги следиш нивните чекори. Верувам дека дедо ми, каде и да е, ќе биде среќен да ме види во дресот на Барса“.

Обамејанг ќе ја игра улогата на класичен напаѓач во Барселона, а ќе дебитира викендов против Атлетико Мадрид.