ФУДБАЛ

Обамејанг: Во моментов сум 100% Арсенал

Напаѓачот на Арсенал ги отфрли шпекулациите за евентуално заминување од Лондон.

Пјер-Емерик Обамејанг вели дека не се интересира со шпекулациите кои го поврзуваат со можно заминување од Арсенал.

Напаѓачот на Арсенал во моментно е фокусиран само на сегашниот клуб со кој има намера да ја заврши сезоната.

Во текот на летото, поранешниот играч на Борусија Дортмунд ќе седне и ќе разговара со челниците на клубот.

„Англискиот печат сака да зборува многу. Што се однесува до мене, јас сум тука. Тука сум 100 проценти“, рече Обамејанг за „РМЦ“.

30-годишниот играч е поврзан со можен трансфер во Реал Мадрид, Барселона или Интер.