Пјер-Емерик Обамејанг е на излезна врата од Челзи.
Откако Габонецот не беше пријавен за продолжението од натпреварувањето во Лигата на шампионите, се појави информација дека за него нема место ниту за натпревари во Премиер лигата и дека разделба е можна веќе оваа зима.
Денеска се појави информација дека Обамејанг е во преговори со Лос Анџелес и дека наскоро би можел да се пресели во „градот на ангелите“.
Габонецот пристигна во Челзи во последниот ден од летниот преоден рок за 12 милиони евра, но досега на 17 натпревари одигра само 841 минута.
Се зборуваше за враќање во Барса оваа зима, наместо Мемфис Депај и по повредата на Усман Дембеле, но Ла Лига им забрани на Каталонците повторно да го регистрираат оваа сезона, па управата ги блокираше преговорите.
Сега се појави и Лос Анџелес за кој настапуваат Карлос Вела и Џорџо Киелини, а патем овој тим е и актуелен шампион во МЛС лигата.
МЛС започнува на 26 февруари со големото градско дерби помеѓу Лос Анџелес и ЛА Галакси, каде Аубамејанг веќе би можел да дебитира.
