Напаѓачот на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Хавиер Ернандес Чичарито постигна договор со шпанскиот гигант Валенсија, објави „Марка“. Популарните “лилјаци” сакаат во своите редови да го донесат 30-годишниот Мексиканец, но клубот од Лондон нема намера да го ослободи играчот.
Кога е во прашање актуелната сезона, Ернандез веќе постигна пет погодоци и запиша две асистенции во 16 натпревари кои ги одигра за премиерлигашот.
Чичарито за „чеканите“ настапува од 2017 година, а претходно играше во Баер Леверкузен, Реал (М), Манчестер Ј. и Гвадалхара.