ФУДБАЛ

Обезбедувањето ги оддели навивачите од Луис Суарез на паркингот (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го направи вистинскиот потег ангажирајќи го Луис Суарез во летниот преоден рок.

Уругвајскиот напаѓач игра многу добро, навивачите на Атлетико добро го прифатија, а сцените од паркингот во Мадрид го покажуваат тоа.

Љубителите на јорганџиите сакаа со сите сили да дојдат до Суарез и да добијат автограм додека тој излегуваше од автомобилот од паркингот. Сепак, во тоа не успеаја бидејќи обезведувањето не им дозволи да се доближат до Уругваецот.

Беше и полесен физички контакт, залудно беа барањата на навивачите и на крајот сите останаа без потписот на уругвајската ѕвезда.