ФУДБАЛ

Објавата на Анчелоти на „Твитер“ го „спречи“ враќањето на Роналдо во Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на шпекулациите за доаѓањето на Кристијано Роналдо преку свој профил на Твитер.

Во Шпанија се појавија вести за враќање на Роналдо во редовите на Реал, а во исто време 36-годишниот Португалец се повеќе се поврзува со Манчестер Сити, па прашање е дали и уште колку ќе остане во Јувентус.

Но, она што е сигурно е дека Роналдо нема да се врати во Мадрид ова лето, барем според Анчелоти, кој претходно беше тренер на еден од најдобрите светски фудбалери во кралскиот клуб.

“Кристијано е легенда на Реал Мадрид. Го сакам и го почитувам. Но, не ни помислив да го ангажирам. Ајде да продолжиме понатаму”, напиша Анчелоти.

Не е многу вообичаено тренерите да оставаат такви коментари преку социјалните мрежи, но искусниот италијански тренер очигледно сакаше навремено да ја извести јавноста и навивачите на Реал и да им ја каже вистинската вистина.

Судбината на Роналдо се уште не е целосно позната, но се претпоставува дека ќе го носи дресот на Јувентус барем уште една сезона. Серија А, за разлика од другите лиги, не започна, туку започнува во сабота.

За Роналдо неодамна зборуваше новиот – стар тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Роналдо е одличен играч и паметен дечко. Разговарав со него, како и со другите играчи. Му реков дека ова е важна сезона и дека сум среќен што повторно ќе го сретнам. Тој сега има уште поголема одговорност, бидејќи имавме поискусна екипа од пред три години, додека овој пат има многу помлади играчи “, изјави Алегри.

ПОВРЗАНО

Серија А