Синиот дел од Лондон вечерва слави.
Челзи го победи Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите и по втор пат сините од Лондон го креваат трофејот од ЛШ.
Својот прв трофеј Челзи го освои на 19 мај 2012 година во Минхен.
Тогаш „сините“ по пенали го совладаа домашниот Баерн на „Алијанц арена“, а по вечерашниот натпревар луѓето одговорни на тимот за социјални мрежи од Лондон направија голема работа.
Тие споделија објава од 2012 година на која пишуваше „Челзи е европски шампион“ и само накратко додадоа:
„Повторно“.
AGAIN. https://t.co/YJva10qiWb
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 29, 2021
Победничкиот гол против Манчестер Сити го постигна германскиот фудбалер Каи Хаверц, а ова му беше првпат во Лигата на шампионите.
Секако треба да се напомене дека Томас Тухел навистина одлично ја постави играта на својот тим и тие целосно ги затворија напаѓачите на Сити.