ФУДБАЛ

Објавата на Манчестер Јунајтед за Роналдо е единствена и едноставна: „Тоа е тоа, нема понатаму“

Кристијано Роналдо блескаше вечерва и го предводеше Манчестер Јунајтед до победа на Олд Трафорд против Тотенхем (3:2).

Неверојатниот Португалец постигна хет-трик на вечерашниот натпревар и на својот тим му донесе важни три бода во борбата за Лигата на шампионите.

Фудбалскиот велемајстор уште еднаш покажа дека не е стар иако има 37 години, а Јунајтед имаше интересна реакција по победата.

Клубот се огласи на Твитер и кратко и јасно кажа:

„Кристијано Роналдо. Тоа е тоа, тоа е твитот“, напиша Манчестер Јунајтед.

Роналдо оваа сезона постигна 12 гола во Премиер лигата, а вкупно 18 пати беше стрелец оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига