Реал Мадрид повторно е европски првак, рекорден 14-ти пат.
Реал во големото финале на стадионот во Париз го победи Ливерпул со 1-0. Англичаните доминираа, создадоа повеќе шанси, играа отворено од почеток до крај, но вечерва не успеаја да го совладаат одличниот Тибо Куртоа.
Од друга страна, Реал одигра паметен натпревар, ја неутрализираше напаѓачката тројка на Ливерпул и со голот на Винисиус во 65. минута конечно стигна до пехарот.
Куротис го собори рекордот во Лигата на шампионите по бројот на одбрани (девет во финалето), а Карло Анчелоти е првиот менаџер кој освоил четири од најтрофејните клупски натпреварувања на Стариот континент.
Долго ќе се слави во Мадрид, но мора да се признае дека кралевите едноставно се навикнати на такво нешто и ако некој знае како е да се освои Лигата на шампионите, тогаш тоа се тие.
На официјалните профили на Реал на социјалните мрежи по натпреварот беше објавена порака која кажува се:
„Не играме финале, туку победивме.”
WE DON'T PLAY FINALS WE WIN FINALS.#CHAMP14NS
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) May 28, 2022