ФУДБАЛ

Објавен распоред на Лига 1: Дерби веднаш на почетокот на сезоната

Објавен е календарот за следната сезона на Француската Лига 1.

Првенството во Франција започнува во петок, 9 август и завршува на 23 мај 2020 година, кога ќе се одигра 38. коло.

Од сезоната 2014/2015. календарската структура е модернизирана за да ги земе предвид спортските аспекти, желбите на клубовите и радиодифузерите, како и климатските и организациските ограничувања.

Во првото коло можеме да го нагласиме дербито Монако – Лион, додека ПСЖ кој ја брани титулата започнува против Ним, а Лил го пречекува Нант.

Второто коло го носи судирот помеѓу Рен и ПСЖ, Метц и Монако, Нант и Марсеј, а во третото коло, Ница и Марсеј, Лил и Ст. Етиен, додека Лион е домаќин на Монпелје, а ПСЖ го пречекува Тулуз.

Во петтото коло, дербито Монако – Марсеј, и во шестото Лион – ПСЖ, во седмото Монако – Ница, осмото коло го донесува судирот Ница – Лил, како и судирот помеѓу Бордо и ПСЖ.

Комплетниот распоред можете да најдете ОВДЕ.