Тековната сезона допрва треба да заврши, но деталите за новите дресови за претстојната сезона се веќе познати.
„Адидас“ останува спортски бренд, „Fly Emirates“ е главниот спонзор на дресот, а новите дресови вклучуваат детали на ракавите.
„Footyheadlines“ го најави појавувањето на новиот дрес на кралскиот клуб и истиот веќе е воведен преку играта „Pro Evolution Soccer 2020“.
Првиот сет останува во бела боја и главната новина е деталот на ракавот во „животинска текстура“ – розови и темно сино. Ќе има три ленти во темно сина боја од секоја страна.
Како и во сезоната 2014/15, вториот дрес ќе биде розов, а најнеобичен е третиот дрес.
