ФУДБАЛ

Објавени се деталите за новиот голем трансфер на Барселона

Барселона во наредните денови ќе официјализира уште еден голем трансфер.

 

Барселона и Лидс Јунајтед ги договорија сите детали околу доаѓањето на Рафиња на Ноу Камп, а англискиот клуб ја прифати најновата понуда од шпанскиот гигант.

Каталонците ќе му платат на Лидс 58 милиони евра плус разни бонуси за услугите на бразилскиот крилен напаѓач.

 

Вкупната сума на трансферот е околу 67 милиони евра, со тоа што на крајот беше договорено фиксната сума да биде 58, а бонусите 9 милиони.

Лидс Јунајтед побара и гаранции дека сите пари ќе му бидат исплатени во следните години, што на крајот беше договорено.

 

Така Рафиња стана третото засилување на Барселона пред новата сезона по Франк Кеси и Кристенсен кои пристигнаа бесплатно.

 

25-годишниот фудбалер го бараа Челзи и Арсенал, но тој ќе заврши на Ноу Камп.

 

На крајот одлуката ја донесе желбата на бразилскиот фудбалер да игра за Барселона, која добива одлично засилување.

 

Се очекува Роберт Левандовски наскоро да потпише за Барса, додека продолжувањето на договорот со Усман Дембеле е готова работа.