ФУДБАЛ

Објавени се резултатите од тестот на Килијан Мбапе за коронавирус

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе мораше да биде тестиран за коронавирус, а пристигнаа и резултатите.

Мбапе изминатите денови имаше сериозно болно грло, а поради мерките на претпазливост, вечерва беше тестиран за коронавирус.

Сепак, на крајот, како што се очекуваше, резултатите од тестирањето на коронавирусот испаднаа негативни, што секако го тргна целиот товар од младиот напаѓач, како и од целиот тим на ПСЖ.

Сега кога е потврдено дека не е заразен со коронавирус, Мбапе се врати во карантин, а ПСЖ утре ја пречека Борусија во 1/8 финалниот реванш, откако во првиот меч загуби со 2:1.

Мбапе е еден од најважните играчи на францускиот шампион, но неговиот настап е сè уште под знак прашалник.