Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак сака да го напушти шпанскиот клуб ова лето, а неговата желба е да се приклучи на Манчестер Јунајтед.
26-годишниот голман се покажа како еден од најдобрите голмани во светот и потпиша договор со Атлетико во април, кој има клаузула за откуп од 120 милиони евра.
Но, минатата недела Облак го предупреди Атлетико дека е подготвен да си замине ако менаџерот на клубот одлучи да ги продаде своите клучни играчи.
„Ќе останам во Атлетико, се додека нивните амбиции се совпаѓаат со моите. И некои луѓе може да мислат дека нивните амбиции се намалија, кога големите играчи заминаа“
„Сигурен сум дека клубот ќе стори сé што е можно за да потпише квалитетни играчи. Кога потпишав нов договор, ми дадоа гаранции за амбициите на клубот“, рече Облак.
Сепак, според „ESPN“, Облак сега е отворен за да го напушти Атлетико, а ПСЖ и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за неговите услуги.
Словенецот е поблиску до Олд Трафорд, бидејќи тој беше голем обожавател на Јунајтед како момче и сака да игра во Премиер Лигата.
Jan Oblak wants to leave Atletico Madrid for Man United this summer, a source has told ESPN FC. pic.twitter.com/C4pZ8ecyww
— ESPN FC (@ESPNFC) June 10, 2019