ФУДБАЛ

Облак не го напушти теренот поради повреда на рамото, лекарите го принудија Симеоне што поскоро да реагира

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа го победија Атлетик Билбао со 1:0 во дербито од деветтото коло на шпанската Ла Лига.

На Сан Мамес синоќа гледавме навистина добар натпревар, а на крајот Атлетико некако успеа да победи.

Херој на клубот од Мадрид беше Антоан Гризман, кој на самиот почеток од вториот дел постигна гол за победа на својот тим. Треба да се напомене и дека тоа беше 100-ти гол за Гризман во дресот на Атлетико.

Сепак, она што можеше да го загрижи Диего Симеоне е фактот што на 20 минути пред крајот на натпреварот мораше да го извади од игра Јан Облак поради повреда.

Облак на почетокот на вториот дел имаше жесток судар со Беренгер и се пожали на повреда на рамото, но на теренот мина уште десет минути пред Симеоне да реши да го замени.

Хрватскиот голман Иво Грбиќ влезе на теренот наместо Облак, кој синоќа беше единствениот резервен голман на клупата на Атлетико Мадрид.

Од клубот се чекаше информација дали повредата на рамото на Облак е од посериозна природа, но потоа пристигна вест која изненади многумина.

Имено, шпанските новинари објавија дека повредата на рамото не била причината поради која Облак синоќа го напуштил теренот, туку дека Симеоне решил да направи замена откако лекарскиот тим му објаснил што се случува со словенечкиот голман.

По судирот со Беренгер, тој очигледно добил потрес на мозокот бидејќи не се сеќавал на ништо од синоќешниот натпревар. Тој остана да брани десетина минути, но превентивно беше решено да ја напушти играта.

Облак и по замената не се сеќаваше што се случи синоќа и лекарите на Атлетико Мадрид едноставно го принудија да го напушти теренот за да направат дополнителни прегледи и да видат дали се работи за посериозен потрес на мозокот.

Извесно е дека Словенецот го чека пауза, а наскоро треба да се знаат повеќе информации за неговата повреда, како и јасно објаснување колку долго ќе биде отсутен од терените.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига