Секретарот на Барселона, Ерик Абидал, даде многу силно интервју за весникот „Спорт“. Тој допре на важни теми од Ракитиќ, формата на Гриеман, обнова на договорот со Меси и можниот трансфер на Нејмар.
„Ракитиќ знае дека тоа е спортска одлука. Знаев што ќе се случи. Гризман? Тој дури и самиот знае дека не е таму каде што треба да биде. Тој не е на негово ниво“, изјави официјалниот претставник на Барса.
Потоа зборуваше за иднината на Лионел Меси и за можниот трансфер на Нејмар.
„Бартомеу разговара со агентите на Меси за да го продолжи договорот со Аргентинецот. Нејмар? Тој сакаше да се врати и ние се обидовме во тоа“, рече тој.