Шпанскиот весник Ел Мундо објави копија од договорот што Лионел Меси го потпиша со Барселона во 2017 година.
Според потпишаниот договор, Аргентинецот инкасираше 555 милиони евра за четири години, а клубот и Меси веднаш реагираа и беа распишани тужби.
Поранешниот потпретседател на Барселона, Жорди Местре зборуваше за овој случај.
Тој смета дека медиумите блиски до Реал Мадрид и самиот мадридски гигант се одговорни за оваа информација.
Според него, кралевите го прават тоа намерно секогаш кога ќе бидат во криза.
“Секогаш кога Реал Мадрид е во лоша ситуација и во криза, овој вид на информации се појавува. Секогаш се случува така. Тоа е само случајност”, рече Местре.
По овие провокации, сигурно ќе известат од Реал Мадрид, па затоа треба да очекуваме нова вербална војна на шпанските великани.