ФУДБАЛ

Обвинувањата за силувањето продолжуваат: ДНК на Роналд одговара на пронајдените докази

Минатата година беше многу бурна за Кристијано Роналдо, кој беше обвинет за силување од страна на американскиот модел Кетрин Мајорг.

Кетрин тврди дека тоа се случило во хотел во Лас Вегас во 2009 година, и дека дури минатата година собрала храброст јавно да го каже тоа. Таа го обвини Роналдо за силување, но по кратката истрага, беше објавено дека Роналдо е ослободен од тие обвиненија.

Сепак, „The Sun“ објави дека скандалот сега продолжува откако протекоа нови детали за истрагата. Наводно, се појавија нови докази кои откриваат нови детали за истрагата на американската полиција.

Според „The Sun“, Роналдо изјавил дека таа вечер бил со Кетрин и дека ја напуштил собата кога таа му кажала. Тој негираше дека имало силување или какво било насилство против неа.

Она што го врати случајот во центарот на вниманието, е информацијата дека ДНК на Роналдо е пронајдена на местото каде наводно се случило силувањето и дека одговара на доказите. Овие нови докази велат дека Роналдо им понудил на Кетрин пари да реши сè надвор од судот, но таа, наводно, негирала.

Иако полицијата го затвори овој случај заради недостиг на докази, останува да се види дали е вистина дека ДНК на Роналд одговара на онаа што ја пронајдоа, и дали истрагата ќе продолжи.