Откако Лео Меси реши да остане во Барселона, барем уште една година, и сега може да се создадат нови проблеми во односите со претседателот Бартомеу.
Имено, претседателот на Барселона побара средба со Меси, а причината е што тој сака да ја намали платата.
Барселона забележа загуба од дури 98 милиони евра, сето тоа поради пандемијата на коронавирусот, и сега е во одредени проблеми.
Бартомеу сака Меси да биде првата sвезда на клубот, кој ќе прифати прв намалување на платата, за да можат другите играчи да го следат неговиот пример.
Големото прашање е каква одлука ќе донесе Меси, и дали ќе прифати намалување на платата, после се што се случи во последно време.