ФУДБАЛ

Очај во Јунајтед: Роналдо го измами тренерот, задната соба открива се

Кристијано Роналдо од понеделникот требаше да учествува на тренингот на Манчестер Јунајтед, но не се појави.

Излезе дека Португалецот е огорчен од односот на тимот на трансфер пазарот и има намера да го смени клубот, што го збунува Ерик тен Хаг.

 

Иако сезоната брзо се приближува, Манчестер Јунајтед е многу резервиран на трансфер пазарот. Клубот досега го доведе само Тајрел Маласија од Фејнорд за 15 милиони евра, а блиску до финализирање е само трансферот на Криситан Ериксен. Ова предизвика горчина кај Кристијано Роналдо, пренесува „The Athletic“.

Англискиот сервис пренесува дека играчот е многу незадоволен од немањето пласман во Лигата на шампионите и недоволното засилување на тимот на Манчестер Јунајтед пред почетокот на следната сезона. Се зборува дека Кристијано Роналдо не е единствениот кој има вакво мислење за трансфер политиката на „црвените ѓаволи“.

„Зад кулисите има мешавина од незадоволство и очај од начинот на кој клубот работи на пазарот. Се вели дека се влече за работи каде што е непотребно. Притоа, ризикува да ги пропушти своите трансфер цели. Тие се потпираат на реактивен пристап за регрутирање играчи“, читаме на споменатиот извор.

Поради ова, 37-годишникот не се појави на тренингот кој започна во понеделникот и не летна со тимот во тренинг кампот во Тајланд.

Наводно, клубот му дал дополнителен одмор, што предизвикува сериозни сомнежи. Се повеќе се шпекулира дека Роналдо активно бара друг клуб кој ќе му дозволи да игра во Лигата на шампионите. Неодамна медиумите зборуваа за неговите преговори со Челзи.

Според информациите кои ги пренесува „The Athletic“, Ерик тен Хаг е целосно збунет од односот на Кристијано Роналдо. Холанѓанецот требаше да разговара со 37-годишникот, кој потоа мораше да го убеди во неговата подготвеност за соработка.

Покрај тоа, тренерот дознал за неговите намери од втора рака, што е прекршување на едно од неговите правила. Овој тренер сака се да знае директно од играчите.