Сенегалскиот фудбалер Садио Мане сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на претстојното Светско првенство.
Напаѓачот на Баерн и најдобриот африкански и сенегалски фудбалер нема да може да и помогне на својата селекција против Холандија на отворањето на Светското првенство во понеделник.
Такво нешто беше очекувано, бидејќи првично Мане требаше да го пропушти целиот турнир поради повредата заработена против Вердер во Бундеслигата. Тој се уште беше на списокот на Али Сисе, но беше јасно дека има големи шанси да не ги одигра сите натпревари.
Се уште е под знак прашалник за натпреварите со Катар и Еквадор.