Италијанскиот стручњак Антонио Конте вечерва нема да дебитира на клупата на Тотенхем.
Англискиот клуб во рамките на Конференциската лига го пречекува Витесе, но Конте нема да седне на клупата на тимот кој го презеде пред неколку дена.
Сепак, условен од Брегзит, на Конте му е потребна работна дозвола, а бидејќи документацијата се уште не е решена, Италијанецот треба да го почека дебито на клупата на лондонскиот тим.
Секако, иако тој нема да биде на клупата, туку неговиот помошник, Конте ќе ја подготвува формацијата и тимот за овој дуел. Се верува дека ќе стартува со формација 4-3-3 што ја користеше неговиот претходник Нуно Санто Еспирито, но секако на крајот ќе одигра формација 3-4-1-2 по која е препознатлив.
Конте, кој минатата сезона го освои Скудетото со Интер, а претходно со многу успеси ги водеше Челзи и Јувентус, би требало потоа да дебитира во недела на премиерлигашкиот натпревар против Евертон на Гудисон Парк.