Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини во моментов играат четвртфинален натпревар на Ролан Гарос.
Во Париз вечерва гледаме фантастичен натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Беретини, а моментално резултатот е 2:1 во сетови за српскиот тенисер.
Новак води во 3:2 во четвртиот сет, а Беретини требаше да го сервира следниот.
Сепак, натпреварот во моментов беше прекинат, бидејќи публиката одби да ги напушти трибините, иако тоа требаше да го сторат до 23 часот.
Полицискиот час во Париз започнува во 23 часот, а публиката добила предупредување од 11 ипол половина дека мора да ги напуштат трибините.
Сепак, поради одличниот натпревар, многумина одбиваат да го сторат тоа, а судијата реши да го прекине натпреварот.
Натпреварот ќе продолжи само кога публиката ќе ги напушти трибините, но тие одбиваат да го сторат тоа, извикувајќи „остануваме“.
Djokovic-Berrettini play suspended at the #rolandgarros2021 as fans need to leave due to the curfew. Surreal. pic.twitter.com/ZJG65P33UF
— Dario Salvelli (@darios) June 9, 2021
Чуварите на трибините имаат работа што побрзо да ја решат и сите да ги напуштат трибините. Само оние кои имаат специјални акредитации на Ролан Гарос можат да останат.
Сигурно ова најмногу им штети на тенисерите, а најмногу на Беретини кој загуби во третиот сет и успеа да намали на 2:1.
https://twitter.com/luciahoff/status/1402734365298331648