ФУДБАЛ

Од Борусија го избркаа, а следната дестинација ќе изненади многумина

Марио Геце наскоро ќе стане слободен агент, а неколку клубови би сакале да го доведат.

Според Мундо Депортиво, најголем кандидат за негово носење е Атлетико Мадрид, што би било одличен потег за овој фудбалер.

Ова лето многу клубови ќе се натпреваруваат за слободни агенти, а секако причината е финансиските проблеми на клубовите предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Геце е многу добар и докажан играч, и тој сигурно ќе донесе многу искуство во тимот на Атлетико Мадрид, што го сака Симеоне.

Тој не е толку стар фудбалер со оглед дека има 28 години, па дури и може да ја оживее кариерата во Шпанија.