Усаин Болт, најдобриот атлетичар на сите времиња, максимално се посвети на својата фудбалска кариера и се чини дека се многу брзо се исплати.
Болт неодамна постигна два гола во дресот на австралискиот прволигашки клуб Централ Кост Маринерс да победи против Мекартур Саут Вест 4:0. Јамајканецот беше на проба во клубот, но на овој натпревар покажа, сериозно може да се смета на него.
Тој и пред доаѓањето во Маринерс кажа дека ќе даде се од себе за да се избори за договор со клубот со што неговата фудбалска кариера официјално ќе започне. Австралиските медиуми објавија дека клубот одлучи да му даде можност на Болт, а тоа го потврди и неговиот агент Рики Симс.
“Видов дека сешто се пишува по медиумите во претходните дена и само можам да ви кажам дека тоа е точно, дека на Усаин му е понуден првиот професионален договор во фудбалот. Тоа е се што можам сега да кажам, повеќе информации наскоро ќе се знаат”, вели Симс .