ФУДБАЛ

Од денес, фудбалерите на Интер можат да ги напуштат своите домови

Италија сè уште е во целосен хаос во врска со епидемијата на коронавирус. Самоизолацијата е задолжителна за сите што немаат причина да ги напуштат своите домови, некои морале да се стават и во карантин, вклучително и фудбалерите.

Поточно, фудбалските натпреварувања во Италија беа прекинати, а наредбите за целосна самоизолација беа издадени набргу потоа.

Фудбалерите на Интер, клубот од регионот кои се најтешко погодени од коронавирусот, изминатите 14 дена не покажаа симптоми на новиот вирус (Ковид-19) и можат да ги напуштат своите домови од денес.

Потсетете се дека целиот тим на Интер е во изолација последните 14 дена, по нивниот пораз во Дерби Д’Италија на 8 март. Натпреварот Интер – Јувентус се одигра без публика.

„Calciomercato.com“ пренесува дека ниту еден од играчите на Интер изминативе 14 дена не покажа симптоми на коронавирус и од денес можат да ги напуштат своите домови за да одат на шопинг, во аптека, итн.

Тие сè уште нема да можат да продолжат со тренинзите – сè додека не се укине забраната за сите фудбалски активности во Италија.