ФУДБАЛ

Од Италија стигна најава за пензионирање на Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ пред четири дена наполни 41 година.

Шведскиот напаѓач со потекло од БиХ поради повреда моментално е надвор од терените во Милано, а според проценките би требало да се врати на терените во јануари.

Сепак, од Италија стигнаа најави дека оваа повреда може да значи крај на големата кариера на Златан Ибрахимовиќ.

 

Италијанците најавуваат дека Златан Ибрахимовиќ размислува да се повлече од професионалниот фудбал доколку неговото закрепнување не оди според неговите желби.

„Ибрахимовиќ работи на враќање во јануари, но бидете внимателни бидејќи декември ќе биде важен месец.

Ако закрепнувањето не оди како што сака, тој може дури и да одлучи да се пензионира“, изјави новинарот Алесандро Алсијато за Prime Video.

 

Златан Ибрахимовиќ на крајот од минатата сезона имаше операција на коленото и на Ахиловата тетива. Сигурно е вистинско чудо да се види напаѓач во петтата деценија да игра за шампионот на Италија, но во последно време има многу проблеми со повредите, па крајот се повеќе се најавува.

Ибрхајмовиќ е роден во Малме, Шведска, на 3 октомври 1981 година, каде ја започнал својата фудбалска кариера.

После тоа, тој замина во Ајакс, каде што веќе го покажа својот величествен талент. Потоа дојде периодот на играње во Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси, а во јануари 2020 година повторно се врати во Милан.

За шведската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна 62 гола. Тој има договор со Милан до крајот на сезоната, кој може да биде последен во неговата кариера.