Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е најдобар стрелец на „Ел Класико“ со 26 погодоци, но напаѓачот на Барселона не блеска во култните дербија во последно време.
Меси постигна 26 гола со 14 асистенции против Реал Мадрид, но денес на Камп Ноу во поразот од Барселона со 3:1 беше целосно немоќен.
Тој го постигна својот прв гол против Реал Мадрид во ноември 2005 година како 18-годишник, но на последните шест натпревари, од 2018 година, не беше во можност да постигне гол против лутиот ривал.
Падот на Меси во најважните натпревари во сезоната многумина го поврзуваат со заминувањето на Кристијано Роналдо, па се заклучува дека Аргентинецот едноставно не е доволно мотивиран кога го нема неговиот вечен ривал, кој сега игра за Јувентус.
Последниот гол кој Меси го даде беше во мај 2018 година кога беше 2:2, а потоа Роналдо постигна еден гол за Реал и тоа беше неговото последно „Ел Класико“ пред да потпише за Јуве.