Дали фудбалерите од руската Премиер лига можат да одат во некои странски клубови? Според американскиот Њујорк Тајмс, можно е да ги напуштат руските тимови без обештетување, но на кратко.
Да, добро прочитавте, играчите кои сега играат во руските клубови имаат право да си заминат без надомест и да одат во друга земја да играат, но само на кратко бидејќи ФИФА нема намера повторно да носи вакви храбри одлуки.
По руската вооружена инвазија на Украина, група фудбалери од руската лига решија да ја напуштат земјата и да се приклучат на други тимови. Осум важни играчи го напуштија Краснодар и немаат намера да се вратат во Русија.
Еден од проблемите за играчите сепак се важечките договори со руските екипи. ФИФА ќе воведе регулативи кои ќе им овозможат на играчите да се преселат во друга земја, но ќе се применуваат само привремено.
Тоа значи дека играчите кои имаат договори со руски клубови ќе можат да играат за други тимови само до 1 јули, по што повторно ќе бидат активни нивните сегашни договори со руските тимови.
Во принцип, тоа би значело дека отишле на привремени позајмици, а ФИФА смета дека дотогаш работите би можеле да се решат и дека војната во голема мера ќе биде зад нас.
Исто така, да потсетиме, ФИФА која ги суспендираше сите руски репрезентации, се уште нема толкава храброст и одлучност бидејќи наводно дуелот од полуфиналето од квалификациите за СП меѓу Русија и Полска, кој требаше да се одигра на 24 март во Москва, беше одложено за лето.
ФИФА и УЕФА воведоа тешки санкции за Русите, но како што одминува времето се чини дека ситуацијата се менува во корист на земјата чија армија веќе 11 дена ја окупира соседна Украина.