ФУДБАЛ

Од коњ до магаре: Еден од „тројцата мускетари“ на Реал заминува во шокантен трансфер

Реал Мадрид би можел да остане без еден од своите симболи на крајот од преодниот рок.

Тони Крос, Лука Модрид и Касемиро со години се движечката сила на Реал и се едни од најзаслужните зошто Реал постојано е блиску до тронот или на тронот на европскиот фудбал.

Ако и се верува на угледната Марка, прашање е дали славното трио ќе го видиме заедно во продолжението од оваа сезона.

Имено, откако пропадна трансферот на Адриен Рабио поради преголемите барања на неговата мајка, Црвените ѓаволи се свртеа кон други опции.

Претставниците на Јунајтед денеска беа во Мадрид и се подготвени да го ангажираат Касемиро кој во 2013 година беше платен само 6 милиони евра.

Сега се чека официјална понуда од Јунајтед, па секако ќе биде интересно да се следи развојот на настаните до крајот на преодниот рок.

Доколку Касемиро го напушти Реал, во средниот ред покрај Крос и Модриќ ќе останат Феде Валверде, Едуардо Камавинга, Дани Себаљос и летното засилување Аурелиен Чуамени.